24фудбал

Никој како Барса во последните 30 години, „каталонците“ имаат импресивна статистика во Европа кога е во прашaње Камп Ноу

Барселона синоќа со 2-1 го совлада Интер во Лигата на шампионите и собори рекорд на Реал Мадрид во Европа, пред нив сега е само постигнувањето на Баерн Минхен.

Лига на Шампиони

„Каталонците“ имаат импресивна статистика во европските натпреварувања кога е во прашање Камп Ноу. Барселона повеќе од шест години или точно 2.346 дена не знае за пораз пред своите гледачи.

Синоќешната победа од 2-1 над Интер во Лигата на шампионите ја однесе серијата на 33 натпревари, со што беше соборен рекордот на Реал Мадрид. „Кралевите“ имале 32 натпревари без пораз дома во периодот помеѓу 1975 и 1990 година.

Пред Барселона сега е постигнувањето на Баерн Минхен, кој има серија од 43 натпревари, „баварците“ не загубил дома во периодот од 1969 до 1991 година.