24фудбал

Необјавени снимки, очајот кој владееше во соблекувалната на Барса по дебаклот на Енфилд (ВИДЕО)

„Каталонците“ за прв пат објавија снимки од соблекувалната по дебаклот кој им се случи на реваншот против Ливерпул кога беа елиминирани од Лигата на шампионите со срамен пораз од 4-0 на Енфилд.

Шпанија

Барселона во соработка со спонзорот Ракутен денеска ја најави документарната серија „Мечдеј“, во која ќе се прикажува ексклузивен материјал од првиот тим на Барселона снимен во сезоната 2018/19.

Серијата ќе им овозможи на гледачите да добијат подобра слика за секојдневниот живот на фудбалерите, фановите ќе имаат можност за прв пат да видат необјавени снимки од моментите на слава и успех, но и моменти на тага и очај кој владееше во соблекувалната по дебаклот на Енфилд и срамната елиминација во Лигата на шампионите.

Серијата се состои од осум епизоди од по 45 минути, и се однесуваат на осум клучни натпревари кои ги одиграа избраниците на Ернесто Валверде минатата сезона. Помеѓу натпреварите кои се во фокусот на серијата се двете пресметки со лутиот ривал Реал Мадрид, како и и најгорчливиот момент во сезоната и поразот на реваншот со Ливерпул.