24фудбал

Пике: Хејтерите ме направија подобар фудбалер

Пике се осврна и на свирежите кои ги добиваше од шпанските навивачи играјќи во дресот на шпанскиот национален состав, за тој период вели дека е најдобриот за него.

Шпанија

Дефанзивецот на Барселона, Џерард Пике вели дека хејтерите кои ги има зад себе се покажале како дополнителна мотивација во неговата кариера, односно мотивација за да го постигне тоа што го постигнал досега.

За Пике многумина велат дека е еден од најдобрите дефанзивци во неговата генерација, имаше голем успех низ годините во Барселона, а имаше и клучна улога во успесите на шпанскиот национален состав, особено во доминантниот период на „Црвената фурија“ помеѓу 2008. и 2012. година.

Говорејќи околу тоа што го постигнал досега во кариерата, меѓу другото се осврна и на свирежите од шпанските навивачи, играјќи во дресот на националниот тим на Шпанија, причините се јасни, неговиот став во однос на независноста на Каталонија.

Да се има толку хејтери зад мене, тоа беше дополнителна мотивација за мене, мислам дека тоа ме направи и да играм подобро, мислам дека колку подобро играте, толку повеќе тие се вознемирени. Имаше период кога играв за шпанската национална селекција, а тие секогаш упатуваа свирежи кон мене, тоа беше најдоброто време за мене“ вели Пике.

Многу работи имаат ефект во играта, кога сте млад можете да страдате во едни такви моменти, евентуално да научите да ги релативизирате, светот на фудбалот се врти околу резултатите, доколку загубите тие ќе ве критикуваат, доколку победите ќе ве пофалат, дури и да не одиграте добро“ заклучи Пике.