24фудбал

Нова магија на Елмас, погоди од зад голот и на тренинг со Македонија (ВИДЕО)

Елиф Елмас изведе нова фудбалска магија, денеска погоди од зад голот и на арената „Тодор Проески“ и тренингот на репрезентацијата на Македонија.

Македонија

Фудбалските љубители изминативе години имале прилика да уживаат во мајсториите на фудбалските ѕвезди и нивните актрактивни обиди да погодат од зад голот.

Елиф Елмас покажа дека може да се носи рамо до рамо со нив, и минатиот месец од тренингот на Наполи се пофали со својата мајсторија.

Тој денеска изведе нова фудбалска магија и покажа што умее на арената „Тодор Проески“.На тренингот на репрезентацијата на Македонија, тој ја постави топката далеку зад голот и од многу тешка позиција успеа да ја затресе мрежата.