24фудбал

Словенците шокирани од изјавата на Пандев, го обвинија капитенот на Македонија дека ги понижил

Словенечка Екипа го обвини Горан Пандев дека ги понижил со изјавата по синоќешниот натпревар на арената „Тодор Проески“ и победата на Македонија од 2-1, а капитенот на „црвено-жолтите“ само им ја кажа вистината.

Македонија

Словенија синоќа загуби во Скопје и значително си ги намали шансите за пласман на Европското првенство. И наместо проблемите да си ги бараат во сопствените редови, популарните „змајчеки“ му се нафрлија на Горан Пандев.

Весникот Екипа го обвини нашиот капитен дека ја понижл Словенија со својата изјавата по крајот на мечот, која ја опишаа како шокантна.

„Словенија го има Јосип Иличиќ, кој е одличен фудбалер, но нема ништо повеќе. Останатиот дел од тимот не е ниту блиску до него, а премногу лесно размислувате дека сте селекција која треба да игра на Европско првенство. И пред почетокот на мечот кажав дека Словенија не е ништо посебно, и нашата победа го потврди тоа. Да, го имате и Облак, нема потреба да се зборува за неговиот квалитет, но добар голман не може сам да ве одведе никаде. Сега ќе навивам за Словенија да ја победи Австрија, но мислам дека само со Иличиќ тешко ќе можете да се носите со противникот. Нашата судбина е во рацете на Господ“ – е изјавата од Горан Пандев која крена голема прашина.

Капитенот на Македонија всушност им ја кажа вистината на Словенците, кои и самите се свесни за ситуацијата во нивната репрезентација. Тоа го потврдуваат и дел од коментарите на објавата на Екипа, навивачите признаваат дека Горан Пандев не погрешил многу со својата анализа.