24фудбал

Македонските фудбалери се подготвени за уште еден голем натпревар

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски верува дека неговите фудбалери ќе дадат се од себе за утре да остварат добар резултат против Полска.

Македонија

Македонија утре со почеток од 20:45 часот гостува кај Полска во многу важен квалификациски меч за Европското првенство.

Македонските фудбалери денеска го почувствуваа теренот на Националната арена во Варшава, а потоа следуваше и задолжителната прес конференција.

„Добро знаеме против кого играме, шансите ќе бидат големи колку што ние на терен ќе се избориме. Не е важно против кого играме туку за што играме, а ние играме за нешто големо. Можат се да ни оспорат, ама не може да ни ја скратат борбата за националниот тим, за својата земја, за себе. Знам дека утре момците ќе дадат се од себе, а дали ќе успееме ќе видиме“, вели селекторот Ангеловски.

„Имаме проблеми како и пред мечот со Словенија. До последен момент ќе го чекам лекарскиот извештај за да видам на кого можам да сметам. Ристовски, Адеми, Алиоски и останатите кои се соочуваат со повреди знаат за историскиот момент. Јас сум горд на сите нив и тие ме восхитуваат од секој можен аспект“.

Стефан Ристовски вели дека некои не се ни свесни дека ние се бориме за пласман на Европско првенство.

„Можеби пред дуелот со Словенија бевме отпишани, но покажавме дека не се предаваме. Ветувам дека и со Полска ќе го дадеме максимумот, играме за истрија. Искрено некои не се ни свесни дека ние всушност се бориме за настап на Европско првенство. Тука сме без предавање и со голема желба да покажеме колку време ова семејство во соблекувалната. Ќе го оставиме срцето на терен“, вели Стефан Ристовски.