24фудбал

Тричковски нема да игра против Полска, Адеми е под голем знак прашалник

Иван Тричковски поради повреда отпадна од комбинација за пресметката со Полска, неизвесен е и настапот на Аријан Адеми.

Македонија

Македонија утре во Варшава игра нов значаен меч во квалификациите за Европското првенство, „црвено-жолтите“ на мегдан ќе излезат со Полска, лидерот во нашата група.

По триумфот над Словенија, атмосферата е на високо ниво, но селекторот Игор Ангеловски се соочува со одредени проблеми.

Иван Тричковски дефинитивно отпадна од комбинација, напаѓачот има повреда и нема да може да помогне. Под голем знак прашалник е и Аријан Адеми. Фудбалерот од средниот ред не тренира два дена и се прават напори тој да биде оспособен за големата пресметка.

Од претходно поради повреда во комбинација за настап не се Енис Барди и Дарко Велковски.