24фудбал

Фелаини: Манчестер јунајтед прерано го отпушти Мурињо

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Маруан Фелаини смета дека раководството на клубот прерано му дало отказ на Мурињо.

Англија

Манчестер јунајтед игра катастрофална сезона и урива негативни рекорди под водство на Оле Гунар Солшер. Па веќе се јавуваат некои кои сметаат дека Мурињо воопшто и не требаше да добие отказ, еден од нив е и Фелаини.

„Според мене Манчестер јунајтед прерано го отпушти Мурињо бидејќи тренер како него доаѓа и потребно му е многу од фудбалерите да ја следат неговата филозофија“, вели Фелаини.

„Тој сакаше да изгради негов тим но по две ипол години тие одлучија да го отпуштат бидејќи резултатите не беа добри“.

„Тие донесоа еден од најдобрите тренери во светот, тој сакаше да изгради тим, а тие го отпуштија“.

„Не е лесно да се изгради тим за толку време, потребни ви се повеќе од две години“.