24фудбал

Нејмар се повреди по десет минути, Бразил одигра 1-1 и против Нигерија (ВИДЕО)

Бразил си замина од турнејата во Сингапур без победа и со повреда на прата ѕвезда Нејмар, напаѓачот на ПСЖ издржа само десетина минути во ремито од 1-1 против Нигерија.

Останато

„Кариоките“ никако да влезат во ритам по триумфот на Копа Америка пред неколку месеци, попладнево одиграа уште едно реми од 1-1 на турнејата во Сингапур.

Бразилците се мачеа со Нигерија, а го загубија и Нејмар, првата ѕвезда на тимот на теренот издржа десетина минути и поради повреда на мускул на левата нога рано беше повлечен од игра.

„Супер орлите“ поведоа со 1-0 во 35. минута. Арибо доби топка на врвот од шеснаесетникот, потоа се прошета низ одбраната на Бразил и го матираше Едерсон.

Шампионот на Јужна Америка изедначи на стартот од вториот дел, кога по еден корнер настана мешаница, Касемиро најдобро се снајде и погоди за 1-1.

Касмеро потоа се закани одново по еден прекин и ја погоди стативата, а убави прилики имаа и Ришарлисон и Кутињо, но нивните удари во последен момент беа изблокирани.