24фудбал

Реал Мадрид и Барселона може да му направат услуга на Елмас

Реал Мадрид и Барселона се во трка за играчот од средниот ред на Наполи, Фабиан Руиз, кралскиот клуб сака да го донесе на Бернабеу уште во јануари.

Шпанија

23-годишниот фудбалер во 2018 година за 30 милиони евра од Бетис премина во Наполи, а сега има можност да се врати повторно во Примера.

Со своите игри Фабиан Руиз се избори и за стартно место во шпанската репрезентација, па сега е мета на гигантите од оваа земја.

Барселона веќе некое време се интересира за Руиз, а „Марка“ пишува дека Реал Мадрид е одлучен да го донесе играчот на Наполи уште во јануари.

Од интересот на Барса и Реал корист има Елиф Елмас бидејќи Фабиан Руиз му е директна конкуренција за место во стартниот тим на Наполи. Логиката вели дека со негово заминување нашиот фудбалер би имал уште поголема минутажа во италијанскиот тим.


Проблем може да бидат лошите односи меѓу Реал Мадрид и Наполи, кралскиот клуб играше многу тврдо во преговорите за Хамес Родригез, па сега Де Лаурентис има шанса да го возврати ударот.

Фабиан Руиз нема откупна клаузула во договорот, Реал Мадрид ќе мора директно да преговара со Наполи.