24фудбал

Зинченко лудуваше по големиот успех на Украина (ВИДЕО)

Многу прашина се крена по бакнежот од фудбалерот на Манчестер Сити до убавата репортерка, па се појавија одредени шпекулации поврзани со нив, а славјето на Зинченко по победата над Португалија продолжи во една поинаква димензија.

Останато

Украина со победата над актуелниот европски првак Португалија, стигна до 19 бода во својата квалификациска група и со тоа на две кола до крајот од квалификациите успеа да избори место на Европското првенство кое ќе се одигра идната година.

Еден од двигателите во играта на тимот предводен од Андриј Шевченко, фудбалерот на Манчестер Сити, Олекс Зинченко не ја криеше големата радост од големиот успех на неговата селекција.

Претходно, по убедливата победа од 5-0 над Србија, Зинченко ја бакна убавата репортерка Влада Седан пред очите на целата јавност, а по победата над Португалија неговото славје продолжи во една поинаква димензија.