24фудбал

Мбапе во тешко искушение, Реал бара да биде трпелив а ПСЖ му нуди нов договор и плата од неверојатни 50 милиони годишно

Килијан Мбапе можеби има само 20 години, но може да стане најплатениот играч во светот на фудбалот, Французинот е желба на Реал Мадрид и ПСЖ сака да го задржи по секоја цена.

Франција

Флорентино Перез е опседнат со идејата да го донесе Килијан Мбапе на Сантијаго Бернабеу, претседателот на Реал е свесен дека ПСЖ тешко ќе се откаже од младиот напаѓач, па „кралевите“ имаат стратегија како да го омекнат ставот на „светците“.

Времето може да биде нивен сојузник, и Реал бара од Килијан Мбапе да ги одбива сите обиди на ПСЖ за продолжување на договорот. При едно вакво сценарио, клубот од Париз ќе има се помалку моќ во преговорите во 2020, а во 2021 сигурно ќе прифати капитулација бидејќи тоа ќе биде последна можност да заработи од продажба на фудбалерот.

Но шампионот на Франција не седи со скрстени раце и се обиде по секоја цена да го задржи Килијан Мбапе. За да избегне нова трансфер драма (како онаа на Нејмар изминатово лето), „светците“ му нудат нов договор на напаѓачот и плата од неверојатни 50 милиони евра годишно.

Па Килијан Мбапе е во тешко искушение, дали со 20 години да стане најплатениот фудбалер во светот или да испушти десетици милиони евра сега, за во иднина да го облече белиот дрес и да стане новиот „галактико“.