24фудбал

Роналдо со двојно поголема заработка од Меси на „Инстаграм“

Првата ѕвезда на Јувентус добро знае како да работи на маркетингот, а тој има неверојатни бројки зад себе на социјалните мрежи, како и екстра профит, двојно поголем од Меси.

Останато

Општо познато е дека Кристијано Роналдо и Лионел Меси се двоецот од фудбалери кои го одбележаа светот на фудбалот во изминатата декада и нешто повеќе од тоа, меѓутоа Роналдо на големо го надмина својот долгогодишен ривал во поглед на заработката од социјалните мрежи.

Станува збор за „Инстаграм“, платформа каде Роналдо ланската година имал заработка од цели 38.2 милиони фунти, двојно повеќе од Меси кој „кеширал“ 18.7 милиони фунти, а со тоа Португалецот стана број еден корисник на таа платформа во поглед на заработувачката од истата.

Интересно е тоа што во триото на врвот се најде и од поодамна пензионираниот Дејвид Бекам, кој имал заработка од 8.6 милиони фунти од своите објави на „Инстаграм“.

И покрај тоа што влезе во својата 34 година од својот живот, се чини дека Роналдо се уште е во одлична позиција да има заработка освен на теренот, и на социјалните мрежи исто така.

Статистиката вели дека Роналдо направил 34 спонзорирани линкови на „Инстаграм“ во последните 12 месеци, заработувајќи по 780.000 фунти од секоја поединечно, што му донесе богатство од цели 38.2 милиони фунти.