24фудбал

Шеста „Златна копачка“ во кариерата на Меси, помалиот син Матео го украде шоуто на церемонијата (ВИДЕО)

Првата ѕвезда на Барса е првиот фудбалер во историјата кој освоил шест вакви признанија во шест различни сезони, ланската сезона ја одбележа со 36 погодоци во Примера.

Останато

Лионел Меси ја освои шестата Златна копачка во неговата кариера откако постигна најмногу погодоци низ европските шампионати ланската сезона, а со тоа Аргентинецот стана првиот фудбалер во историјата кој три пати во низа го освоил ова признание.

Ланската сезона Меси ја одбележа со 36 погодоци во дресот на шампионот на Шпанија, а со тој учинок беше за само три погодоци подобар во однос на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, односно Фабио Кваљарела од Сампдорија за десет погодоци.

32 годишниот фудбалер на Барселона позираше во друштво на својата сопруга Антонела Рокузо, како и синовите Тјаго и Матео, а освен тоа, Аргентинецот позираше и со своите шест признанија.

Интересен беше моментот кога Меси го доби признанието, а веднаш потоа се истакна неговиот помал син, Матео кој силно посакуваше да ја земе наградата...