24фудбал

Де Лаурентис: Доколку некој сака да оди во Кина поради парите, тоа е негов проблем, нека има с*ање од живот

Првиот човек на италијанскиот вицепрвак отворено говореше за шпекулациите со кои одредени фудбалери на таа екипа се поврзуваа со преселба на Далечниот Исток, за кинескиот фудбалт тој посочи дека е далеку од нивото од оној во европскиот.

Италија

Претседателот на италијанскиот вицепрвак Наполи, каде што настапува нашиот Елиф Елмас, Аурелио Де Лаурентис вели дека фудбалерите можат да се преселат во Кина поради огромните плати, меѓутоа, во случај да сакаат да имаат с*ање од живот 2-3 години.

Првиот човек на Наполи ова го вели по одредените шпекулации кои се појавија низ медиумите со кои Драјс Мертенс и Хозе Калјехон беа поврзани со преселба на Далечниот Исток, а на таа тема Де Лаурентис говореше за тоа како фудбалерите можат да се преселат таму на нивен ризик.

Нови договори за Калјехон и Мертенс? Не сум подготвен за нешто посебно, секој фудбалер си има своја вредност во зависност од тоа каде игра, како игра, колку години има и што прави. Доколку некој посакува да замине во Кина бидејќи таму ќе биде многу платен и да живее две-три години с*ање од живот, тоа е негов проблем“ изјави Де Лаурентис.

Де Лаурентис посочи дека фудбалот во Кина не го гледа како компетитивен и дека е многу далеку од нивото на фудбалот кој се игра во Европа.

Не можам да го замислам кинескиот шампионат како компетитивен, Кина е далеку од такво нешто, доколку тие сметаат поинаку, во некои гледни точки, тоа е нивен проблем кој веројатно не ги загрижува, сите имаат право да изберат каде да бидат среќни и каде да работат за тоа што го сакаат во животот, или тоа да го сторат само за парите, за мене парите имаат значење, но тоа не е крајот, но ако за нив е крајот, тие заминуваат во Кина“ додаде тој.