24фудбал

Рибери не е задоволен како изгледа на ФИФА, ПЕС веднаш му одговори (ФОТО)

Франк Рибери воопшто не изгледа на себеси на новата ФИФА, фудбалерот тоа јавно го искоментира на социјалните мрежи, а во дискусијата веднаш се вклучи и ПЕС.

Италија

ФИФА и ПЕС се најголемите ривали кога станува збор за фудбалските видео игри. ФИФА киксна кога е во прашање изгледот на Рибери, а ПЕС го искористи тоа.

Рибери напиша: „Неодамна со моите деца играв ФИФА20. Еј ЕА Спортс, кој е овој дечко?“.


ПЕС веднаш се вклучи со слика од Рибери во нивното последно издание на играта и го праша: „Хеј Франк! Дали знаеш кој е овој дечко?“.