24фудбал

Барса предложи, Реал прифати: „Ел класико“ ќе се игра на 18. декември!

Барселона и Реал Мадрид постигнаа согласност за новиот термин за „Ел класико“, датумот 18. декември одговара на двата клуба.

Шпанија

Првата „Ел класико“ пресметка ќе се игра на 18. декември, ова е датумот за кој постигнаa согласност Барса и Реал. Комитетот за натпреварување при Фудбалската федерација на Шпанија реши да го одложи натпреварот кој беше закажан на 26. октомври, и остави двата клуба да се договорат за новиот термин.

Барселона денеска предложи мечот да се игра на 18. декември, а Реал Мадрид брзо се огласи и соопшти дека датумот одговара.

„Во четвртокот, клубот го информираше комитетот за натпреварување при ФФШ дека не го прифаќа предлогот на Ла Лига натпреварот да се игра на Сантијаго Бернабеу. Желбата на клубот беше „Ел класико“ да се игра на Камп Ноу на 26. октомври, датумот и времето претходно договорени. Убедени сме дека дека нашите фанови ќе се однесуваат пристојно, како и секогаш. Сепак, откако ја добивме одлуката на комитетот дека натпреварот се одложува поради „вонредни околности“ и добиените насоки клубовите да договорат нов термин до понеделник, Барселона предлага мечот да се игра на 18. декември“ - се вели во соопштението на „каталонците“.

Кратко потоа се огласи и Реал Мадрид, „кралевите“ пренесоа дека и за нив е прифатливо да се игра на 18. декември.

„По одлуата на комитетот за натпреварување при ФФШ да се одложи натпреварот против Барселона закажан на 26. октомври, и насоките дадени да се пронајде нов термин, Реал сака да соопшти дека двата клуба предложија натпреварот да се игра на 18. декември“ - се вели во исвестувањето на клубот од Мадрид.