24фудбал

И со новиот тренер продолжува кризата, Академија Пандев ја совлада Шкендија во Тетово

Академија Пандев ја продолжи кризата на Шкендија откако со 0-1 триумфираше во Тетово на отварањето на 10. коло во ПМФЛ и го расипа дебито на новиот тренер Ернест Ѓока.

Македонија

Шкендија игра лошо на стартот од новаата сезона, тоа резултираше со промени на тренерот. На почетокот од овој месец на кормилото седна Ернест Ѓока, тој денеска го имаше своето деби кое заврши неславно.

Академија Пандев го освои Тетово и славеше со минимални 0-1. Клучниот момент на мечот се случи во судиското надополнување на првиот дел. По еден корнер, Маслач најдобро се снајде и со глава ја затресе мрежата на Шкендија.

„Црвено-црните“ од Тетово се обидоа да го променат резултатот во продолжението од натпреварот, домаќините притискаа но не можеа да креираат посериозна шанса и на крајот мораа да се помират со нов пораз. 

Со овој триумф, Академија Пандев привремено се искачи на врвот на табелата со 21 бод, еден повеќе од Вардар кој утре се среќава со Македонија ЃП.