24фудбал

Меси објасни зошто одбил доживотен договор од Барса и откри какви се шансите Нејмар да се врати на Камп Ноу

Лео Меси даде интервју за Радио Метро во кое објасни зошто ја одбил понудата на Барселона за доживотен договор, Аргентинецот исто така порача дека мали се шансите Нејмар да се врати.

Шпанија

Лео Меси е обврзан кон Барселона до 2021 година, а поседува и опција да си змине за без пари во 2020, па медиумите знаат често да шпекулираат за неговата иднина.

Во итервју за Радио Метро, Аргентинецот вели дека идеата е да продолжи уште многу години во Барселона, но не сака да се обврзе до доживотен договор.

„Исто како што беше ситуацијата со Андрес Иниеста, и мене ми понудија доживотен договор. Но јас не сакам договор кој ме обрвзува. Не сакам да бидам тука доколку не се чувствувам добро. Сакам да се натпреварувам, да бидам физички подготвен, да прикажувам добро партии, да се борам за остварување на зацртаните цели... Сакам да бидам во Барса поради овие работи, а не поради тоа што имам договор. Затоа одбив доживотен договор. Но можам да останам во Барселона до крајот на мојот живот“ - вели Аргентинецот.

Запрашан за неговиот однос со Нејмар и дали Бразилецот ќе се врати на Камп Ноу, тој вели: „Мали се шансите, ситуацијата е комплицирана. Како второ, тешко е тој да замине од ПСЖ, а второта е причина е начинот на кој замина. Многу луќе и членови на клубот не сакаат тој да се врати. Од спортски аспект, Нејамр е еден од најдобрите во светот и би било одлично тој да се врати, но мора во предвид да се земат и другите работи. Јас се уште комуницирам со Нејмар, имаме група заедно со Суарез“.