24фудбал

Ибрахимовиќ: Ако се вратам во Серија А...

Златан Ибрахимовиќ викендов веројатно го игра последниот меч за ЛА Галакси, а потоа ќе размисли дали и каде ќе ја продолжи кариерата.

Италија

Ибрахимовиќ ќе биде слободен фудбалер од декември кога неговиот договор со ЛА Галакси ќе истече. 

Имам 38 години и се уште имам ентузијазам како дете, со истата желба да победувам. Тоа за мене е се“, вели Ибра за „Газета дело Спорт“.

„Се уште не сум размислувал за мојата иднина, со мојата фамилија ќе одлучам дали ќе продолжам да играм, потребно ми е нешто посебно што ќе го одржи оганот во мене“.

„Италија е мој втор дом. Ќе ги слушнам сите понуди, но сакам да се борам за максимални цели. Доколку се вратам таму, би сакал да се борам за скудетото, не само да потпишам некаде затоа што сум Ибрахимовиќ“.

„Се уште можам да правам разлика. Не сум животно од зоолошка да бидам ставан во игра за луѓето да ме гледаат. Се уште можам да дадам 20 голови во една сезона во Серија А“.

„На 30 годишна возраст почнав да работам манијакално на моето тело за да ја одржам кондицијата. Реков да ја одржам, не реков да станам подобар. Невозможно е да станам подобар од ова. Има само еден Златан Ибрахимовиќ и нема да има друг“.