24фудбал

Проработе напаѓачкото трио на Барса, Гризман, Меси и Суарез погодија за победа над Еибар (ВИДЕО)

Барселона со убедливи 3-0 победи на гостувањето кај Еибар, а головите беа во режија на напаѓачкото трио Гризман, Меси и Суарез.

Шпанија

Напаѓачкото трио на Барселона кое звучи застрашувачко, денеска таквиот епитет го презентираше и на терен.

Барса поведе уште во 13. минута со гол на Антоан Гризман.

Францускиот фудбалер во 58. минута убаво асистираше до Меси кој зголеми на 2-0. А осум минути подоцна Суарез реализираше за конечни 0-3.