24фудбал

Да не му текне пак да доцни, Санчо еден час трчал на пороен дожд а платил и казна од 100.000 евра

Медиумите од Германија со нови детали за санкцијата која Борусија Дортмунд му ја одредила на Џејдон Санчо, младиот Англичанец еден час трчал на пороен дожд а платил и казна од 100.000 евра.

Германија

Тинејџерот важи за голема ѕвезда и многумина очекуваат во иднина тој да биде продаден за стотина милиони евра, но Борусија Дортмунд не толерира недисциплина.

Џејдон Санчо по обврските со Англија во квалификациите за Европското првенство, се вратил во Дортмунд еден ден подоцна од договореното.

Па тој веќе беше суспендиран и изоставен од тимот за мечот со Борусија Менхенгладбах. Но медиумите од Германија сега откриваат дека санкцијата била далеку поголема.

Офанзивниот фудбалер бил приморан во саботата сам да тренира, еден час трчал околу теренот додека врнело, и тоа додека имало пороен дожд. Џејдон Санчо исто така бил удрен по џебот и платил казна од 100.000 евра.