24фудбал

Адеми и Динамо со голем бод се враќаат од Украина, Мората го реши Баер Леверкузен (ВИДЕО)

Динамо на нашиот Аријан Адеми одигра 2-2 на гостувањето кај Шахтар и стигна д голем бод, Атлетико Мадрид го совлада Баер Леверкузен со 1-0 со голот на Алваро Мората.

Лига на Шампиони

„Модрите“ во претходните години беа топовска храна за противниците на Лигата на шампионите, но Динамо Загреб оваа сезона е тврд орев. Вечерва шампионот на Хрватска беше на прагот до победа на гостувањето кај Шахтар, но на крајот си замина од Украина со бод.

Домаќините поведоа со голот на Коноплјанка, но десет минути подоцна Олмо изедначи на 1-1. По еден час игра, гостите поведоа со погодокот на Оршиќ од пенал. Сепак, Шахтар избегна пораз во 75. мнута, Додо стрелаше за 2-2.


На вториот меч кој се одигра од 18:55 часот, Атлетико Мадрид пред своите фанови го совлада Баер Леверкузен со минимални 1-0. Стрелец на погодокот беше Алваро Мората во финишот од натпреварот.