24фудбал

100 милиони за ова? Азар со промашување на сезоната (ВИДЕО)

Реал Мадрид немаше право на кикс во Истанбул, а скапото засилување за „Кралевите“ во изминатиот летен преоден рок веројатно го има промашувањето на годината откако иако непречен од никого, успеа да промаши празен гол пред себе.

Лига на Шампиони

Реал Мадрид со крајни сили успеа да дојде до трите посакувани бода од гостувањето кај Галатасарај во третото коло од групите во Лигата на шампионите, а „Кралевите“ славеа со голот на Крос уште во првото полувреме.

Иако запиша асистенција на пресметката во Истанбул, Еден Азар „успеа“ да го запише и веројатно промашувањето на годината, откако уште во 64. минута можеше да стави точка на сите неизвесности околу победникот на мечот.

При една добра акција на гостите, Азар убаво се уфрли во чувствителниот дел на казнениот простор на домаќините, успеа да го помине и Муслера, а потоа пред Белгиецот остана да бира каде ќе упати удар со оглед на тоа што имаше празен гол, успеа да ја погоди само пречката...

Белгиската ѕвезда никако да се пронајде себе си во дресот на шпанскиот гигант каде направи трансфер од Челси изминатиот летен преоден рок за околу 100 милиони евра, а синоќешното промашување дојде како „шлаг на тортата“ во негативна конотација.