24фудбал

Ибрахимовиќ би можел да му стане соиграч на Елмас, Де Лаурентис го потврди тоа

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис потврди дека Златан Ибрахимовиќ би можел да потпише за неговиот клуб во јануари.

Италија

Договорот на Ибрахимовиќ со ЛА Галакси истекува во декември по што тој ќе стане слободен фудбалер.

Се верува дека Ибрахимовиќ би можел да се врати во Серија А каде што веќе играше за Јувентус, Интер и Милан. А Наполи е загреан за негов ангажман.

„Пред се тој е мој пријател“, вели Де Лаурентиис за „ТВ Луна“.

„Го запознав не како фудбалер туку како нормална личност во Лос Анџелес бидејќи престојувавме во истиот хотел и поминавме неколку исклучително добри денови заедно“.

„Го поканив на вечера со неговата сопруга и неговите многу културни деца, имавме неверојатна вечер заедно“.

„Кога го гледате на теренот тој е друга личност, но сосема поинаков е надвор од него“.

„Моја желба е тој да дојде во Наполи, но зависи од него, не од мене. Се си има своја логика“.