24фудбал

Манчестер јунајтед се провлече во Белград, Партизан може да жали за поразот (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со гол од пенал дојде до три бода против Партизан во Белград, српскиот тим може да биде гневен на судијата бидејќи требаше да добие најмалку еден удар од белата точка.

Лига Европа

Манчестер јунајтед не импресионираше во Белград, одигра во формата во која игра, бледо, без многу шанси за гол, но успеа да ја оствари целта и да дојде до победа против Партизан.

Во 38. минута Лингард го најави водството на Јунајтед откако ја погоди стативата од голот на Стојковиќ. Четири минути подоцна Милетиќ направи прекршок за пенал, судијата покажа на белата точка, а Марсијал беше прецизен и донесе водство за Манчестер од 1-0.

Во вториот дел играше само Партизан, Манчестер јунајтед го чуваше водството. Српскиот тим имаше неколку убави шанси.

Во 52. минута Сума го седна Мегваер и шутираше од убава позиција, но Ромеро го одбрани неговиот удар.

Партизан имаше и статива, но имаше и барем еден пенал за нив од неколкуте сомнителни ситуации во шеснаесетникот на Јунајтед. Вилијамс очигледно играше со рака, но судијата не досуди најстрога казна.

Партизан не заслужи да загуби на овој натпревар, покажа дека може да се носи со големите како Манчестер јунајтед.

Во другиот меч од оваа група АЗ Алкмар со 6-0 ја совлада Астана.


Резултати од натпреварите во ЛЕ кои се играа од 18:55: 

АЗ Алкмар - Астана 6:0

Рома - Менхенгладбах 1:1

Басакшехир - Волфсбергер 10

Бешикташ - Брага 1:2

ЦСКА Москва - Ференцварош 0:1

Гент - Волфсбург 2:2

Лудогорец - Еспањол 0:1

Партизан - Манчестер јунајтед 0:1

Порто - Ренџерс 1:1

Карабах - АПОЕЛ 2:2

Слован Братислава - Волвс 1:2

Сент Етјен - Олександрија 1:1

Јанг Бојс - Феенорд 2:0