24фудбал

Дерби во Милано за потписот на Милер

Извесно е дека Милер е на излезна врата од Минхен, откако извесен период се шпекулира дека не е задоволен со својот статус во тимот под кормилото на Ковач, тој има две опции во „Серија А“.

Италија

Два италијански прволигаши се сериозно заинтересирани за фудбалерот на Баерн Минхен, Томас Милер, откако стана извесно дека 30 годишниот Германец не е среќен со статусот кој го има под кормилото на Нико Ковач.

Милер се соочува со проблеми околу минутажата која ја добива изминатиов период, а веројатно е дека во јануарскиот преоден рок ќе ги земе во предвид понудите кои ќе пристигнат на негова адреса, тој веќе има две опции во „Серија А“.

Станува збор за Милан и Интер, двата клуба од Милано кои ќе водат битка на трансфер пазарот за потписот на Германецот кој уште од младите категории настапува во тимот на Баерн Минхен, клуб за кого забележа 326 настапи, а постигна и 110 погодоци.

Милер инаку има важечки договор со „Баварците“ до 2021. година, а што се однесува пак до неговата минутажа оваа сезона, мина 546 минути на теренот во 12 натпревари во сите конкуренции, постигна еден гол, а воедно реализираше и шест асистенции.