24фудбал

Пандев откри како му се обраќа на Мота и порача: Конечно одигравме како што треба

Горан Пандев е среќен со победата од 3-1 над Бреша во која тој постигна погодок, Македонецот вели дека трите бода ги сакале по секоја цена и конечно одиграле како што треба.

Италија

По серијата слаби резултати, Џенова го промени тренерот и кормилото го превзеде Тијаго Мота. Бразилецот со италијански пасош синоќа го имаше своето деби и испиша историја откако сите тројца играчи кои добија шанса од клупата постигнаа гол. Помеѓу нив беше и нашиот Горан Пандев, кој во финишот го потврди триумфот од 3-1.

„Конечно одигравме како што треба, очајно ја посакувавме оваа победа, ја посакувавме по секоја цена. Во првото полувреме бевме малку исплашени, но во вториот дел го покажавме квалитетот“ – вели Македонецот.

„Среќен сум за Тијаго Мота, не сум го видел долги години, но тој е голем пријател и задоволство е да се работи со него. Заедно ги поминавме најдобрите моменти во кариерата, се надевам дека истите успеси ќе ги повтори како тренер. Сега треба да се фокусираме на следниот натпревар, во среда не чека тежок меч. Јас само сакам да им помогнам на младите играчи да пораснат“.

Запрашан како му се обраќа на Тијаго Мота со кого играше во Интер, Горан Пандев со насмевка на лицето кратко одговори: „Мистер“.