24фудбал

Ова го има само во Кина, пред да му врачат отказ, го пратија Канаваро да учи корпоративна култура

Тренерското столче на Фабио Канаваро во Гуангжу Евергранде се тресе, но пред да добие отказ, италијанската легенда ќе мора да седне во клупа и да учи корпоративна култура.

Останато

Авантурата на Фабио Канаваро во Гуангжу Евергранде веројатно е пред крај, тој привремено ги препушта должностите на капитенот на тимот Женг Жи.

Италијанската легенда формално нема добиено отказ, но наместо да ги тренира играчите, ќе мора да седне во клупа и да учи корпоративна култура, барем тоа е официјалното соопштение.

Медиумите пак пишуваат дека разводот е неизбежен по серијата лоши резултати и само една победа на девет меча во сите натпреварувања. Лошата серија придонесе Гуангжу Евергранде да биде елиминиран во полуфиналето на азиската Лига на шампиони, а се стопи и предноста во домашното првенство, каде популарните тигри од Јужна Кина имаат само еден бод предност на три кола до крајот.

Првенството во Кина има мини пауза до 23. ноември, па се очекува до тогаш да биде донесена конечана одлука, односно дали двете страни ќе ги испеглаат разликите или Фабио Канаваро по втор пат ќе го напушти клубот.