24фудбал

Ривалдо до Нејмар: Ако сакаш да бидеш најдобар, мораш да си заминеш од ПСЖ

Поранешниот фудбалер на Барселона и легенда на тимот од „Камп Ноу“ повторно беше отворен во своето гледиште во поглед на иднината на Нејмар која често се доведува во прашање, тој повторно му порача да си замине од ПСЖ.

Останато

Легендите на Бразил одиграа ревијален натпревар против ветераните на Израел, а на истиот се најдоа бројни ѕвезди на „Кариоките“ од минатото, меѓу кои и Ривалдо.

Поранешниот фудбалер на Барселона веднаш по мечот беше запрашан за Нејмар и неговата иднина, а тој како и претходно, беше сосема отворен на таа тема и уште еднаш му порача дека мора да си замине од ПСЖ за да го исполни својот потенцијал.

Верувам многу во Нејмар, меѓутоа сметам дека треба да си замине од ПСЖ, тоа што сакаше изминатото лето да си замине по секоја цена, доволно говори за целосната ситуација, тој добро знае дека е тешко да се биде најдобриот на светот, ПСЖ е одличен клуб, но далеку од нивото за Нејмар“ посочи Ривалдо.

На светско ниво, сите зборуваат само за Барселона, Реал Мадрид и други големи клубови од Англија, некои од Германија, тој мора да замине во клуб со богата историја во Лигата на шампионите, да го освои тоа натпреварување, а доколку го стори тоа и дополнително биде и светски шампион, со тоа полесно ќе стигне до титулата најдобар фудбалер во светот“ додаде легендарниот Бразилец.