24фудбал

Тиквеш немаше сили за изненадување, Ренова последен патник во четвртфиналето од Купот

Со реванш пресметката во Тетово се комплетираше осминафиналната рунда од националниот куп на Македонија, Ренова се погрижи да нема никакви изненадувања на реваншот пред своја публика.

Македонија

Тиквеш немаше сили за изненадување на реванш пресметката со Ренова, откако Кавадарчани најпрво на домашен терен загубија со 0-2, а денеска на терен на противникот ремизираа со резултат 1-1.

Токму Тиквеш беше екипата која прва поведе на мечот во Тетово, и тоа со голот на Илиески во 22. минута, а со таа минимална предност Кавадарчани заминаа на паузата.

Сепак, во 85. минута Адеми израмни на 1-1 и ја сруши сета надеж кај гостите за изненадување во реваншот.

Досегашни екипи кои веќе од претходно обезбедија место во четфртфиналето се Брегалница, Лабуништа, Академија Пандев, Работнички, Шкендија, Шкупи и Струга Трим и Лум.


Фото-вест: K.F. Renova (Facebook)