24фудбал

Познати четвртфиналните двојки во Купот на Македонија

Бранителот на трофејот во Купот на Македонија, Академија Пандев го доби Шкупи за противник во четвртфиналето, Шкендија ќе игра со Работнички.

Македонија

Денеска во просториите на ФФМ беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија.

Академија Пандев ќе игра со Шкупи, Шкендија го доби Работнички, Струга ТЛ ќе се сретне со Ренова. Во полуфиналето ќе има и еден второлигаш бидејќи во четвртфиналето се среќаваат Брегалница и Лабуништа.

Четвртфинални двојки од Купот на Македонија:

Струга ТЛ - Ренова

Брегалница - Лабуништа

Шкендија - Работнички

Шкупи - Академија Пандев

Првите натпревари се играат на 4 декември, реваншите се на 4 март следната година.


Фото: ФК Работнички