24фудбал

Леванте за седум минути даде три гола и ја победи Барселона (ВИДЕО)

Леванте и Барди слават голема победа откако на свој терен со 3-1 ја совлада Барселона.

Шпанија

Енис Барди го почна натпреварот и на теренот беше до 61. минута, во тие моменти резултатот беше 1-1.

Барселона поведе во 38. минута со гол на Лео Меси од пенал, тоа беше и конечниот резултат по првото полувреме.

Но работите комплетно се променија во вториот дел, Леванте само за седум минути постигна три гола и дојде до победа од 3-1.

Кампања, Мајорал и Радоја погодија за голем триумф на тимот на Енис Барди.