24фудбал

Мбапе, трансфер од 400 милиони евра!?

Денешното издание на Ле Парисиен вели дека лидерите на ПСЖ се обидуваат да го обноват договорот на Килијан Мбапе, „светците“ се плашат од сенката на Реал Мадрид и понуда која може да достигне и до 400 милиони евра

Франција

Не е тајна дека Килијан Мбапе е дамнешна желба на Флорентино Перез, кој имаше два неуспешни обиди да го ангажира Французинот. Напѓачот како дете имаше понуда да се пресели во школата на „кралевите“ но го одби предлогот, а негативен одговор даде и пред две години, кога реши да се пресели во Париз наместо во Мадрид.

Иако до летниот преоден рок има уште осум месеци, полека почнува да се пишува за можен рекорден трансфер на Килијан Мбапе на Сантијаго Бернабеу.

Денешното издание на Ле Парисиен вели дека лидерите на ПСЖ се плашат од сенката на Реал па приоритет е нов договор за напаѓачот.  Весникот пренесува дека на Килијан Мбапе му се нуди плата како онаа на Нејмар, околу 37 милиони евра годишно за да остане верен.

„Светците“ сакаат што поскоро да го убедат Французинот да стави потпис бидејќи Флорентино Перез следното лето ќе распали со тешка артилерија. Ле Парисиен додава дека првиот човек на Реал Мадрид има подготвено најмалку 300 милиони евра за ангажман на Килијан Мбапе.

Оваа сума лесно може да скокне и до 400 милиони евра ако во наддавањето се приклучат и другите гиганти како Манчестер Сити, Барселона, Ливерпул или Јувентус.