24фудбал

Барселона не ја тресеше мрежата на Славија Прага, без голови на Камп Ноу (ВИДЕО)

Барселона не успеа да ја победи Славија Прага, мечот заврши без голови, Лајпциг со 2-0 го совлада Зенит на негов терен.

Лига на Шампиони

Барселона влезе како голем фаворит во дуелот со Славија Прага, но не направи доволно за да дојде до победата.

Чешкиот тим одигра храбро и заслужено си заминува со бод од Камп Ноу. Барселона имаше повеќе шанси за гол, но и Славија се закануваше.

Најдобрата прилика ја имаше Лео Меси кој ја погоди пречката од голот на Славија.

Ремито на Барса со Славија Прага доаѓа по поразот од Леванте, два резултати за Каталонците кои ги разочараа фановите.

Во вториот дуел кој се играше од 18:55 часот, Лајпциг со 2-0 победи на гостувањето кај Зенит.

Деме во првиот дел и Сабицер во второто полувреме беа стрелци на головите.