24фудбал

Ливерпул одбива да се смести во хотелот во Доха кој им е доделен, го бојкотираат поради начинот на кој е изграден!

Ливерпул нема да се смести во хотелот во кој беше предвидено да престојува за време на Светското клупско првенство во Доха, тие се во потрага по нов смештај.

Англија

Организаторот им одреди хотел со пет ѕвезди на фудбалерите на Ливерпул, но клубот има други вредности, многу поголеми од оние на богатите шеици во Доха.

Од Ливерпул го одбиле сместувањето во тој хотел поради начинот на кој е изграден.

Имено, хотелот бил изграден од имигранти кои работеле по 12 часа дневно на температура од 45 степени и за тоа добивале само осум фунти на ден.

Ливерпул смета дека тоа е спротивно на човековите права и од морални причини нема да се сместат во тој хотел.

Клубот почнал да бара ново сместување. Првиот нивни меч во Доха е на 18 декември кога играат во полуфиналето.