24фудбал

Валверде со коментар за свирежите на „Камп Ноу“

На „Камп Ноу“ вчера можеа да се слушнат и свирежи поради очајната игра на Барселона, навивачите го кажаа својот збор, а избраниците на Валверде уште еднаш разочараа со својата игра.

Лига на Шампиони

Шефот на стручниот штаб на Барселона, Ернесто Валверде тврди дека има разбирање зошто навивачите на тој клуб упатуваа свирежи од гледалиштето во ремито без погодоци против Славија Прага во Лигата на шампионите синоќа.

Валверде објасни дека неговите избраници не ги претвориле шансите кои им се укажале во погодоци, а сосема нормално е навивачите да очекуваат повеќе од оваа екипа.

Сосема нормално е навивачите да бараат повеќе“ рече Валверде по ремито.

Секогаш сакаме да победуваме, на овој меч едноставно не ни одеше во поглед на тоа да ги претвораме шансите кои ни беа укажани во погодоци“ додаде тој.

Тие не креираа шанси, меѓутоа ни создадоа проблеми во моментите кога ќе ја одземат топката, бидејќи веднаш потоа брзо следеше контра напад од нивна страна, сепак, за жал не успеавме да ја потврдиме доминацијата која ја имавме во шансите“ заклучи Валверде.