24фудбал

Коментарите на Зидан за Мбапе не поминаа добро во ПСЖ: Тоа е вознемирувачко, ова мора да престане

ПСЖ е во дефанзива подолг период, од една страна Барселона притискаше за трансфер на Нејмар, од друга страна сега на повидок е офанзива од Реал Мадрид кој извесно е дека посакува да ја искористи ситуацијата со Мбапе кој не крие дека сонува еден ден да го облече дресот на „Кралевите“.

Шпанија

Коментарите на шефот на стручниот штаб на Реал Мадрид, Зинедин Зидан околу Килијан Мбапе и неговата желба еден ден да игра во дресот на Реал Мадрид не поминаа добро во таборот на ПСЖ.

Спортскиот директор на францускиот првак, Леонардо, запрашан за коментарите на Зидан, беше доста прецизен во својата изјава која ја даде по минималниот триумф над Бриж во Лигата на шампионите.

Тоа е вознемирувачко, ова не е вистинско време да говориме за соништата и сеоколу тоа, ова мора да престане“ рече Леонардо.

Мбапе е премногу важен дел од нашиот тим и ова не е момент за да го дестабилизираме“ заклучи Леонардо.

Зидан пак, претходно посочи дека фудбалерот сам ќе донесе одлука во однос на својата иднина.

Фудбалерот ја носи одлуката околу својата иднина, во моментов тој е член на ПСЖ, а за иднината, ќе видиме, тој секогаш говорел околу неговите соништа да игра за Реал Мадрид еден ден“ рече Зидан во вторникот на пресконференција.