Категорија: Лига Европа 07.11.2019 22:04
Познати се првите учесници во нок-аут фазата од Лига Европа, билет за шеснаестфинале вечерва обезбедија Селтик и Севиља
Селтик со гол во 95. минута триумфираше на гостувањето кај Лацио и ги турна „бјанкочелестите“ во бездна, кои сега се на прагот на елиминација уште во групната фаза.
Мечот почна одлично за домаќините, Имобиле донесе водство а беа креирани уште неколку шанси за зголемување на предноста. Сепак, една грешка на одбраната овозможи Форест да се најде во шанса и да погоди за 1-1 во 38. минута. Лацио имаше неколку добри прилики да се врати во водство, но не само што не ги искористи, Нчам во 95. Минута реализираше за 1-2 и молк на Олимпико.
Севиља со 2-5 триумфираше на гостувањето кај Дуделанж и го завери првото место во Групата А. Дабур и Ел Хадади реалзираа по два гола за гостите во првиот дел, а Ел Хадади во продолженито стигна и до хет-трик. Синина во финишот со два гола само го ублажи поразот.
Резултати од 18:55 часот:
Група А
АПОЕЛ – Карабак 2:1
Дуделанж - Севиља 2:5
Група Б
Копенхаген - Динамо Киев 1:1
Лугано - Малме 0:0
Група Ц
Базел - Хетафе 2:1
Краснодар - Трабзонспор 3:1
Група Д
Розенборг - Спортинг 0:2
ЛАСК Линц - ПСВ 4:1
Група Е
Лацио - Селтик 1:2
ЦФР Клуж - Рен 1:0
Група Ф
Стандард - Ајнтрахт 2:1
Група Л
Астана - АЗ Алкмар 0-5