24фудбал

Манчестер јунајтед преку Партизан до нок-аут, Лудогорец настрада во Барселона, Борусија до драматична победа (ВИДЕО)

„Ѓаволите“ се пласираа во шеснаестфинале од Лига Европа откако вечерва пред своите фанови со 3-0 го совладаа Партизан, Лудогорец прими шест гола на гостувањето кај Еспањол, Борусија Менхенгладбах во 95. минута ја совлада Рома.

Лига Европа

Оле Гунар Солшер со малку калкулации влезе во пресметката со Партизан, на теренот испрати силен состав, па домаќините прелесно стигнаа до триумф од 3-0. Тинејџерот Гринвуд го отвори резултатот, за Марсијал да големи на 2-0 во 33. Минута од мечот.

По пет минути игра во вториот дел, Рашфорд ги реши сите дилеми и погоди прекрасно под пречката за 3-0. Со овие три бода, „ѓаволите“ го осигураа пласманот во нок-аут фаазта од Лига Европа.

Најефикасно денеска беше во Барселона, каде Еспањол со 6-0 го совлада Лудогорец. Клубот од Бугарија настрада откако остана со двајца играчи помалку по 35. минути игра, а во овој период веќе имаше и негатива од 3-0. Во продолжението од мечот, домаќините уште три пати ја тресеа мрежата на противникот за убедлива победа.

Драма имаше во Менхенгладбах, каде Борусија со голот на Турам во 95. минута стигна до триумф од 2-1 над Рома и драстично си ги зголеми шансите за шеснаесетфинале.

Доцен гол падна и во Вулверхемптон, каде „волците“ со погодокот на Хименез во 92. минута славаеа со 1-0 против Слован Братислава.

Резултати од 21 часот:

Група Г

Феенорд - Јанг Бојс 1:1
Ренџерс - Порто 2:0

Група Х

Еспањол - Лудогорец 6:0
Ференцварош - ЦСКА Москва 0:0

Група И


Волфзбург - Гент 1:3
Олександрија - Сент Етјен 2:2

Група Ј

Борусија М. - Рома 2:1
Волфзбергер - Башакшехир 0:3

Група К

Брага - Бешикташ 3:1
Вулверхемптон - Слован Братислава 1:0

Група Л

Манчестер јунаjтед - Партизан 3-0