24фудбал

Андоновски со победа дебитираше на клупата на САД, Македонецот задоволен од триумфот но не и од двата примени гола (ВИДЕО)

Влатко Андоновски го имаше првиот меч на клупата на женската репрезентација на САД, Американските триумфираа со 3-2 над Шведска и се погрижија Македонецот да дебитира со победа.

Останато

Утрово на Мапфри стадионот во Колумбус, Охајо, Влатко Андоновски за прв пат ја предводеше женската репрезентација на САД, противник беше силната Шведска, но и покрај тоа Македонецот имаше победничко деби.

Американките започнаа силно, поведоа веќе во 6. минута, Прес уфрли топка во петерецот а Лојд рутински реализираше за 1-0. Ви 28. минута улогите беа заменети, Лојд асистираше а Прес откако одлично се ослободи од две противнички погоди за 2-0.

Три минути подоцна веќе беше 3-0, Лојд се најде во шанса и лобуваше за нова радост на домаќините.

Америнаките потоа имаа уште неколку добри прилики за да ја наполнат мрежата на противникот, но откако не ги реализираа, во финишот дојде до опуштање и Шведска ја направи возбудлива завршницата. Анвегард најпрво намали на 3-1 во 75. минута, а пет минути подоцна по втор пат се запиша во листата на стрелците за 3-2.

„Дефинитивно не сакав да видам дека резултатот е 3-2 по нашето водство од 3-0“ – рече Андоновски по крајот на натпреварот. „Искуството беше добро, мило ми е што се справивме на начинот на кој се справивме, но да разјаснам, не сум среќен со двата погодока кои ги примивме“.

„Победа си е победа, но мораме да ги корегираме ситуациите по кои паднаа двата гола на Шведска“.