24фудбал

Едниот од напаѓачите доби висока казна, за обидот за грабеж на Озил и Колашинац во затвор ќе лежи 10 години!

Падна првата пресуда за нападот врз Месут Озил и Сеад Колашинац, едно лице денеска доби затворска казна од 10 години за тоа што се обиде да го ограби дуото на Арсенал.

Англија

30 годишниот Eшли Смит во затвор ќе лежи 10 години поради обидот да ги ограби Месут Озил и Сеад Колашинац и да замине со плен вреден околу 200.000 фунти. Денеска во Лондон беше изречена пресуда за инцидентот кој се случи во јули месец.

Вториот напаѓач, 26 годишниот Џордан Нортовер исто така призна вина, но неговата казна ќе биде дополнително одредена.

Судијата објасни дека Ешли Смит бил криминалц добро познат на полицијата. Тој заедно со Џордан Нортовер најпрво украле мопед, а потоа со кацики на главата и темна облека за да го затскријат идентитетот, од заседа ги нападнале фудбалерите на Арсенал со ножеви. Сепак тие не го предвиделе храбриот потег на Сеад Колашинац кој скокна да се тепа со нив и воопшто не се исплаши.