24фудбал

Венгер ја раскажа својата страна на приказната, вели дека Румениге прв се јавил и порача: Следната недела ќе преговарам со Баерн

По гласините дека Арсен Венгер добил корпа од Берн Минхен, Французинот се огласи со демант и порача дека следната недела ќе се сретне со раководството на клубот од Алианц Арена.

Германија

Шампионот на Германија е во потрага на наследник на Нико Ковач и одредени гласини велеа дека изборот паднал на Арсен Венгер. Но наместо потврда, од Алианц Арена за Билд брифираа дека Баерн нема намера да го ангажира Французинот и тој не бил опција за нив.

Стратегот сега ја раскажа својата странана приказната и порача дека следната недела ќе има преговори со раководството на „баварците“.

„Немам агент, јас лично сум инволвиран, никој не може да говори во мое име. 40 години ги познавам Бекенбауер, Румениге и Хенес. Секогаш сме разговарале отворено и сме ја кажувале вистината кога било неопходно“ – вели Арсен Венгер во разговор со БеИН.

„Што се случи? Моето име се појави од никаде. Во средата попладнето добив повик од Румениге но во тој момент не можев да одговорам. Од култура, му се јавив подоцна. Тој беше во автомобил и одеше на натпреварот против Олимпијакос. Разговаравме, четири или пет минути максимум. Тој ми објасни дека го именувале Флик како тренер за следните два натпревари“.

„Ме праша дали сум заинтересиран бидејќи се во потрага на нов тренер. Му кажав дека не сум размислувал за ова, и дека ми треба време да видам што како. Заедно одлучивме дека следната недела повторно ќе разговараме бидејќи сум во Доха до недела навечер. Ова е вистинската приказна“.