24фудбал

Интер тргнува по несудениот македонски репрезентативец Кулушевски

„Калчомеркато“ известува дека челниците во Милано немаат ништо против да тргнат по Кулушевски уште во јануарскиот преоден рок, се наведува дека се чека „зелено светло“ од страна на Антонио Конте.

Италија

Екипата на Интер сериозно размислува да тргне по фудбалерот од средниот ред Дејан Кулушевски во рамките на јануарскиот преоден рок, а 19 годишниот Кулушевски во моментов настапува во тимот на Парма како позајмен од редовите на Аталанта.

Во 12те настапи сезонава во дресот на Парма, Кулушевски има солиден учинок запишувајќи два погодоци, а воедно и пет асистенции во сите конкуренции, а веќе го привлекува вниманието на повеќе клубови.

Поради одличните перформанси, Кулушевски влезе во нотесот на „Нероаѕурите“, па нема да зачуди доколку уште во јануари тој премине во Милано, а според информациите кои пристигнуваат од Италија се вели дека во Интер немаат ништо против да инвестираат 30 милиони евра, меѓутоа се чека на „зелено светло“ од страна на тренерот Антонио Конте.

Доста интересна беше темата со Кулушевски и националниот состав на Македонија, тој настапуваше во нашата репрезентација за фудбалери до 17 години, меѓутоа потоа се предомисли и продолжи со помладите категории на Шведска.

Иако постоеа минимални шанси да ни се придружи во сениорскиот состав, Кулушевски на два пати ги одби повиците на Ангеловски, а тој веќе е повикан за дуелите на Шведска против Романија и Фарските Острови за квалификациите за Европското првенство 2020.