24фудбал

Алан мета на крадци, дали е ова одмазда кон Бразилецот за случувањата во Наполи?

Бразилецот се соочи со потресна слика во својот дом, а во тие моменти во домот била неговата сопруга која во моментов е бремена, многу шпекулации кружат низ Италија во однос на овој случај.

Италија

Алан, кој важи за еден фудбалерите кои се наведуваше како дел од групата „бунтовници“ во Наполи, се соочи со незгода во својот дом, кој го затекнал ограбен по последните случувања во клубот.

Според пишувањата на „Газета дело Спорт“, се вели дека крадци влегле во домот на Бразилецот минатата вечер, прозорците биле скршени, а собите целосно расфрлани, а отворен бил и сефот.

Како и да е, некои вредни и скапоцени работи како чанта со вредност од 10,000 евра биле игнорирани, а според информациите тоа што било украдено од неговиот дом немало голема вредност.

Се шпекулира дека Алан сега е на мета откако во друштво на неколку свои соиграчи од Наполи не ја испочитуваа одлуката на клубот за карантин, па наместо да се упати кон тренинг центарот по мечот со Салцбург во Лигата на шампионите, тој заедно со Каљехон и Мертенс си заминале во својот дом.

Локални медиуми во Неапол пренесуваат дека Алан стравува дека сево ова е одмазда за последните случувања во клубот, а дополнителен проблем е фактот што неговата сопруга која е бремена во моментов била во домот во моментите кога крадците влегле во неговиот дом.

Нивните две деца не биле во домот, меѓутоа и нивните соби исто така биле целосно расфрлани од страна на крадците.