24фудбал

И Лестер му ја зема мерката на Арсенал (ВИДЕО)

Арсенал загуби уште еден натпревар во Премиерлигата, Лестер уште еднаш покажа дека резултатите во претходните мечеви не се случајни, тие ги совладаа топчиите со 2-0.

Англија

Според актуелната форма на двете екипи, Лестер дури беше и благ фаворит на овој натпревар, а таквиот статус го потврди и на теренот.

Домаќините особено ги интензивираа нападите во второто полувреме кое почна со пречка за нив.

Први мрежата ја затресоа фудбалерите на Арсенал, но голот на Обамејанг беше поништен поради офсајд.

Првиот регуларен гол падна во 68. минута кога по асистенција од Тилеманс, Варди постигна гол за водство од 1-0, тоа беше прекрасна акција на Лестер.

Точка на мечот стави Медисон само седум минути подоцна, Варди овој пат ја имаше улогата на асистент.