24фудбал

Дибала е херојот на Јуве во големото дерби со Милан, тешки три бода (ВИДЕО)

Благодарение на гол на Паоло Дибала, Јувентус со минимални 1-0 го победи Милан и се врати на врвот во Серија А.

Италија

Поради актуелната форма на двете екипи Јувентус влезе како сериозен фаворит во дуелот со Милан и ја оствари целта, дојде до трите бода.

Но Јувентус не одигра на нивото кое се очекуваше, впечаток е дека Милан не заслужи да го загуби ова дерби.

Натпреварот не изобилуваше со шанси, но борбеноста не изостана. И двете екипи имаа свои можности за погодок, а натпреварот беше решен во финишот.

Во 55. минута Дибала влезе во игра на местото од Кристијано Роналдо и тој беше клучен за победата.

Единствениот гол падна во 77. минута кога по додавање од Игуаин, Дибала мајсторски ги помина дефанзивците на Милан и ја затресе мрежата на Донарума за голема победа.

По овој триумф Јувентус се врати на првото место на табелата каде има бод повеќе од Интер.