24фудбал

Мурињо до Компани: Ви донесов титула, а никогаш не ми се заблагодари

Жозе Мурињо му помогна на Манчестер Сити да ја освои титулата во Премиерлигата во 2014 година кога беше тренер на Челси.

Англија

Жозе Мурињо и Винсент Компани беа во студиото на „Скај Спортс“ каде беа стручни аналитичари за време на дербито меѓу Ливерпул и Манчестер Сити.

Мурињо не пропушти да го буцне поранешниот капитен на Манчестер Сити.

Во 2014 кога Ливерпул беше пред Манчестер Сити и се надеваше дека ќе дојде до титулата, тие загубија од Челси.

Сините го добија дуелот со 2-0 на Енфилд, а при првиот гол Стивен Џерард се лизна, тој момент остана долго да се памети. 

Победата на Челси над Ливерпул му помогна на Сити во битката за титулата, па Мурињо му го спомна тој момент на Компани.

„Кога ви ја дадов титулата, никогаш не ми се јави да ми се заблагодариш. Кога ви ја дадов титулата со тоа што победив тука, никогаш не ми се јави да ми кажеш ти благодарам мистер“, на шега му рече Мурињо на Компани.

Дефанзивецот се насмеа и рече: „Го чекав овој ден!“.