24фудбал

Медиумите од Англија го „распнаа“ Гвардиола: Неговата ароганција го направи успешен, но во исто време му е најголема мана!

Новинарите од „островото“ имаа многу забелешки за Пеп Гвардиола по дербито на Енфилд, велат дека стратегот наместо да се жали за спорните моменти вината треба да ја побара кај себе и да размисли добро за тимот со кој му се спротивстави на Ливерпул.

Англија

Синоќа Ливерпул и Манчестер Сити се сретнаа на Енфилд, меч во кој имаше доста контроверзни моменти за на крајот „црвените“ да слават со 3-1 и да побегнат на +9 во однс на „граѓаните“.  И додека има голема дебата за тоа дали ВАР добро си ја заврши работата при двете играња со рака на Трент Александер Арнолд, медиумите од Англија денеска се насочија кон Пеп Гвардиола и имаа еден куп замерки за стратегот. На удар беше неговото однесување на клупата, тоа што саркастично му се заблагодари на судијата Оливер по крајот на мечот, а беше „распнат“ и поради изборот на тимот со кој му се спротивстави на Ливерпул.

„Можеме да говориме за ВАР, бидејќи секогаш ќе има потреба да се зборува за ВАР. Можеби требаше да се досуди играње со рака на Александар Арнолд при првиот гол, но не беше досудено и не требаше. Можби прстот на Салах беше во офсајд за вториот гол (не беше, или не беше доволно). До каде сакате да одиме со ваква дебата? Ливерпул не победи поради овие маргинални судиски одлуки. Гвардиола најдобро знае која е причината за поразот и покрај тоа што на клупата објаснуваше како биле ограбени“ – се вели во анализата на Гардијан.

„Како може шампионски тим предводен од Пеп да дојде на Енфилд и да игра ваков натпревар со параталав втор голман, крпена одбрана, непрепознатлив Џон Стоунс и со почетник лев бек?“

„Неговата ароганција го направи успешен, но во исто време му е најголема мана и го прави ранлив. Зошто го играш Анхелињо, лев бек кој никогаш не бил на Енфилд, кој има само четири меча во Премиерлигата а треба да се спротивстави на екипа која ја има најдобрата десна страна во Европа?“

Алан Ширер во својата колумна за Сан исто така има замерки за стартниот состав: „Доколку Фернандињо играше во среден ред а не како централен дефанзивец, можби Ливерпул немаше да биде толку комфорен“.

Дејли Стар и Дејли Мејл го прекорија за „саркастичното“ ракување со Мајкл Оливер и неговите помошници по крајот на натпреварот и посочуваат дека стратегот иронично им рекол „Ви благодарам многу“.

Дејли Експерс пишува за „промена на моќта во Премиерлигата“, а Тајмс го спореди однесувањето на Пеп Гвардиола на клупата со еден линк од популарна британска комедија во 70-тите.

„Кога видов што прави Пеп Гвардиола крај аут линијата, тоа ме потсети на Базил Фолти и моментот кога тој си го кршеше сопствениот автомобил со гранка“ – пишува новинарот Мет Дикинсон.

„Маваше со рацете, мафташе прсти кон четвртиот судија, врескаше кон небото на Енфилд, Гвардиола беше човек кој бара нешто, било што, за да ги истури фрустрациите. Слободно мошеше да одбере некое корнер знамеци или ВАР мониторот. Пеп сакаше некого да обвини, но нели е прилично очигледно кон кого треба да се впери прстот? Да се постави толку несигурна одбрана против тим кој веројатно ја има најдобрата контра во цел свет, како можете да очекувате поинаков исход од тоа што се случи синоќа?“