24фудбал

Неблагодарниот Махрез наместо да му „пали свеќа“ на Лестер, тој зборува против клубот

Ријад Махрез вели дека загубил две сезони на највисоко ниво бидејќи Лестер не го пуштиле да замине веднаш по освоената титула.

Англија

Иако во Лестер се промовираше на голема сцена и со нив освои историска титула која секогаш ќе биде запаметена во Премиерлигата, Махрез нема благодарност према клубот, напротив го обвинува дека му уништил две години од кариерата.

„По титулата доколку отидев во голем клуб мојата приказна ќе беше поинаква. За мене е јасно дека загубив две години на највисоко ниво. Загубив две години! Наместо да дојдам во Сити на 27 години, можев да бидам тука на 24 или 25“, вели Махрез.

„Лестер ме блокираше. Ми рекоа дека нема да заминам. Мојот агент зборуваше со Арсен Венгер кој навистина ме сакаше во Арсенал. Транферот беше речиси готов во 2016. Бев навистина фрустриран“.

„Не беше лесно за мене да играм во Премиерлигата во тим кој се бори за опстанок. Не е исто“.

Махрез во Лестер беше ѕвезда, во Манчестер Сити е само еден од другите. А ако бил толку квалитетен, 27 години не се многу за да блеснеше и да беше еден од клучните фудбалери во Премиерлигата.